Во Велес ќе се гради уште една индустриска зона. По индустриските зони Комплекс УЗУС" и Речани 2", општина Велес ги почна подготовките за изградба и на индустриската зона "Караслари" која се наоѓа во непосредна близина на мотелот Македонија" и автопатот Велес - Градско. Стручни екипи почнаа да го испитуваат земјиштето. Акредитирана фирма спроведува геомеханички истражувања. Се проверува сеизмичка активност, подземни води, цврстина на тлото. Во исто време се подготвува и проектот за изградба на водоводна и канализациона мрежа. Почнавме со геомеханичките испитувања во индустриските зони. Тоа е уште еден наш гест спрема потенцијалните инвеститори.
Во Велес ќе се гради уште една индустриска зона. По индустриските зони Комплекс УЗУС" и Речани 2", општина Велес ги почна подготовките за изградба и на индустриската зона "Караслари" која се наоѓа во непосредна близина на мотелот Македонија" и автопатот Велес - Градско.
Стручни екипи почнаа да го испитуваат земјиштето. Акредитирана фирма спроведува геомеханички истражувања. Се проверува сеизмичка активност, подземни води, цврстина на тлото. Во исто време се подготвува и проектот за изградба на водоводна и канализациона мрежа.
- Почнавме со геомеханичките испитувања во индустриските зони. Тоа е уште еден наш гест спрема потенцијалните инвеститори. Сакаме да им кажеме каква е почвата и што можат да очекуваат при евентуална инвестиција. Истовремено веќе имаме нарачано канализациони и одводни системи за зоната во "Караслари", а ќе биде проширен и патот - вели Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
Индустриската зона "Караслари" е предвидено да се простира на површина од 24 хектари. Лоцирана веднаш зад бензинската пумпа на Макпетрол", на автопатот Градско - Велес. Според локалните власти таа има одлична локација. Покрај неа минува автопатот, во нејзина близина има две бензински пумпи, а тука се наоѓа и царински терминал. Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев истакна дека според намената, во индустриската зона "Караслари" се предвидува отворање на фирми што се занимаваат со дистрибуција, сервис и Г-производство. Работите околу отварањето на индустриската зона се очекува да бидат завршени за неколку месеци. Се очекува во индустриската зона да има место за триесетина фирми.
Инаку, освен за "Караслари", геомеханички испитувања општината врши и во индустриската зона "Речани" за нејзино проширување. Моментално во индустриската зона се продадени 33 плаца на кои веќе се градат индустриски капацитети. Со проширувањето се очекува да бидат обезбедени уште дваесетина плацеви. Во индустриската зона УЗУС", пак, веќе работат повеќе од педесет компании во кои егзистенција обезбедуваат повеќе од 350 работници.